Уште 31 смртен случај и 766 новозаболени од 3.171 тестирање е билансот од битката со коронавирусот во последното деноноќие во Македонија.
Осуммина од починатите се од Скопје на возраст од 70, 71 , 76, 76, 78, 79, 80 и 80 години, четворица од Битола (58, 64, 79 и 84), тројца од Куманово (48, 74 и 68), по двајца од Гевгелија (68 и 73), од Кавадарци (69 и 80) и од Кочани (71 и 73), како и по едно лице од Велес (76), од Струга (74), од Гостивар (61), од Дебар (78), од Кичево (66), од Охрид (71), од Прилеп (81), од Струмица (59), од Тетово (61) и од Штип (66).
Од почетокот на пандемијата, во Македонија досега се регистрирани 147.995 случаи на Ковид-19, починаа 4.509 лица, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.





