Во знак на благодарност за вакцините за Ковид-19 и за бесплатното вакцинирање македонски државјани во Србија, нејзините граѓани од 15 јуни до 15 август годинава ќе бидат ослободени од плаќањето патарина во Македонија.
„Благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ, преку донацијата на вакцини од Србија ние го започнавме процесот на имунизација кај нас. Заради овој пријателски гест, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука сите српски граѓани да бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август. Тоа е оваа сезона, во која голем број српски граѓани традиционално патува и во Северна Македонија и кон Грција“, изјави министерот за здравство Венко Филипче по средбата со својот српски колега и домаќин Златибор Лончар.
На состанокот на двајцата министри во Белград е договорено Институтот „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија за набавка на вакцини“.
„Многу е веројатно дека оваа пандемија нема тукутака да запре, многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска. Со ваквото партнерство обезбедуваме долгорочна соработка и стабилен извор на вакцини“, изјави Филипче.





