Портпаролот на СДСМ ги блокирал коментарите на јавен пост

Пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов ги блокирал коментарите од општата јавноста за јавен пост на Твитер кој зборува за работата на Советот на Европа.



“Почитувани граѓани во тек е априлската сесија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Како шеф на делегацијата, денес имав можност да го следам инспиративниот говор на Германската канцеларка г-ѓа Ангела Меркел”, пишува Костадинов на Твитер.

Најверојатната причина за блокирање на коментарите од пошироката јавност се должи на огромниот број негативни реакции на неговите последни јавни настапи во кои тој е критикуван за своите ставови.

Твитерџиите сепак најдоа начин да го кажат своето мислење за Костадинов.

Што велат тие во нивните реакции за портпаролот на владеачката партија во следниот твит.