„Блумберг“ со катастрофична пресметка за македонската вакцинација против Ковид-19

За да се вакцинираат 75 % од населението против Ковид19 на Македонија ќе и бидат потребни цели 10 години ако остане овој тренд на имунизација.



Ова го анализира американскиот влијателен медиум Блумберг.

Македонија заедно со Украина е на убедливото последно место на листата на анализирани земји.

Според истата анализа Србија својата задача ќе ја заврши во текот на оваа година а Албанија ќе се имунизира за нешто помалку од 4 години.