Бојко Борисов вечерва бил примен на итна операција во болницата јавуваат бугарски медиуми.
Тој се здобил со повреда играјќи фудбал, а со магнетна резонаца било откриено дека има руптура на менискус на десното колено за што се препорачува брза интервенција.
Борисов бил примен во болница во 19 часот, а состојбата му е добра.
Според медиуми, тој уште утре може да ја напушти болницата.
Борисов даде оставка на премиерската функција заедно со оставката на неговата влада. Тој е поканет на 21 април да се појави на „сослушување“ во парламентот околу работата на досегашната влада.
Но, тој одбива со објаснување дека партиите сакаат да го претворат парламентот во „народен суд“.






