Главниот координативен кризен штаб ѝ предложил на Владата од 27 април до 15 мај угостителските објекти да почнат со работа, но да ги отворат само летните тераси за гостите.



Во истиот период, се предвидува да остане забраната за движење во ноќните часови, но наместо од 20 во споменатиот периоз забраната да биде од 21 часот до 05 часот.

Ова ќе ваќи исклучиво доколку Главниот координативен кризен штаб констатира континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица.

Денеска Комисијата за заразни болести препорача полицискиот час да продолжи да важи од 20 до 5 часот и кафулињата и рестораните да останат затворени и во наредните седум дена, а Владата треба да го потврди тоа утре…