Брокулите се богати со многу витамини и минерали.
Брокулите содржат витамин А, Ц, К и витамини од грпата Б.Витамин А во формата на бета-каротен.
Една средно голема брокула содржи повеќе витамин Ц, отколку еден портокал.
Брокулите се богат извор на витамини од групата Б како: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина).
Во составот на брокулите е присутен и витаминот К.
Минерали кои во големи количини се присутни во брокулите се: железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот.
Брокулите се богати и со растителни влакна и фитохемикалии.
Брокулите се неверојатни зеленчуци, кои го чуваат нашето здравје и се борат против многу болести.

Брокулите се природни чудотворни заштитници од многу видови рак како: рак на дојката, рак на матката, рак на простатата, рак на внатрешните органи (бели дробови, црн џигер, бубрези) и т.н. Тие се особено добри за лица кои имаат рак на дојка или рак на матката, затоа што го отстрануваат вишокот на естроген од телото.
Анемијата е директно поврзана со недостаток на железо и некои протеини. Брокулите се богати со нив, па затоа нивното консумирање е природен лек против анемија.
Брокулите содржат многу витамини и минерали, кои помагаат да се зајакне имунитетот. Тие се јавуваат како заштитници од многу инфекции.

Истражувањата покажуваат дека брокулите кои се готвени на пареа, содржат најмногу хранливи материи. Овој начин на готвење е најздрав. Но, ако решите да ги пржите брокулите, треба да внимавате какво масло користите, за да не изгубите дел од хранливата вредност на овој толку здрав зеленчук.





