Македонски активисти од разни страни на светот преку промотивно видео повикуваат за масовно учество на мирниот протест на 25 април за слобода на затворените за настаните од 27 април 2017 година и за демократија во Македонија.
„Македонците во светот преку видео порака ги повикуваат сите Македонци во Македонија на мирен протест на 25 април во 11 часот пред Владата на Република Македонија.
Со македонско знаме во рака, сплотени како никогаш до сега, за слобода на нашите браќа уставобранители и на нашата мајка Македонија.
#иНиеСмеДецаНаМакедонија“, се вели во прогласот.






