Работиме во пекол: Во СОЗР еден починат, многу заболени, инспекција ни за лек

На фотографијата од СДСМ е директорот на СОЗР Пеце Мирчески



Вчера по неколкудневно лекување од Ковид19 во една од скопските болници починал 51 годишен вработен во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата.

Негови колеги тврдат дека неговата смрт оди на душа на раководството на СОЗР кое не ги почитува владините мерки за превентива од заболување од Ковид19.

За разлика од сите други служби на владата каде вработените одат наизменично во групи на работа или се работи од дома во СОЗР сите вработени се секојдневно на работните места.

Според проценки на вработените од вкупно педесетина вработени најмалку десетина луѓе се заразени а уште толку се суспектни но тоа не е доволно за раководството на СОЗР да ги прилагоди мерките наложени од владата кои важат за сите други институции.

“Колегата што почина најверојатно се заразил на работа, да бевме поделени имаше шанси да се спаси од вирусот. Дел од колегите се сместени во заеднички простории а никој не знае кој од колегите е инфициран. Секое одење на работа е “руски рулет”, стресот е неподнослив а раководството на СОЗР не прави ништо да ја спречи трагедијата. Работиме во пекол. Размислувам за отказ, веќе не можеме да го издржиме притисокот”, вели една вработена која секојдневно се соочува со силен стрес поради контактите со колеги од кои еден вчера почина.

Други вработени во СОЗР прашуваат зошто Трудовата и другите инспекции не направат контрола на состојбата во ова владино тело кое иако мора да ги спроведува владините мерки против Ковид19 тоа не го чини.

Иако во неколку наврати од страна на вработени и нивни блиски биле испратени анонимни дојави до соодветните инспекции, вработените се сомневаат дека некој ги спречува инспекторите да дојдат и да утврдат непочитување на спроведување на владините мерки од институција која прва мора да ги спроведува.

Последна вест

Некогаш најпопуларниот министер минува низ пекол од негативни коментари

Не запираат тешките моменти за министерот Филипче (ЛИНК)