Угостителите утре на протест, бараат спас за 6.000 фирми во овој сектор

Утре во 12 часот пред Министерството за финансии ќе се одржи протест на угостителите кои бараат финансиска помош за нивниот сектор, а од Туристичко-угостителската комора најавија дека ќе протестираат додека не се исполнат нивните барања.



„Со протестот сакаме јавно да го покажеме нашето незадоволство од ситуацијата во која се наоѓаме, но и гласно и јасно да предупредиме дека уништувањето на овој сектор треба да се гледа и низ призма на загуба на сериозна бројка на работни места како и затворање на многу деловни субјекти од кои егзистираат цели семејства“, рекоа организаторите на денешната прес конференција.

Во организација на протестот, како што соопштија, се вклучени околу 6 000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор.

Најмногу од нив се угостителски објекти и туристички агенции од Комората, а поддршка имаат и од игротеките, од групата на забавни и рекреативни дејности, Асоцијацијата на туристички работници, движења за социјална правда…