Стотици коментари со критики без ниту една пофалба доби некогаш најпопуларниот министер во владата Венко Филипче на својот последен пост за бројот на починати и заразени.
Причината е што граѓаните го обвинуваат за неговото соучесништво при влезот на пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во Собранието.
Многумина сметаат дека пратеничката тоа го сторила со поддршка од инфектолог и брзата помош врз кои ингеренции има министерот Филипче.
Во коментарите Филипче добива низа критики за неговата работа, манипулација но и политизација на здравството.
Во друг коментар на Филипче му се сугерира дека е време за психијатриска евалуација.
Сите коментари на граѓаните меѓу кои има и професори на овој линк
https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2667467226893627/





