Се бара инфектологот што на инфицираната пратеничка и дозволил да шета со скафандер

Во Битола но и на социјалните мрежи многумина се прашуваат кој е инфектологот кој на со Ковид-19 инфицираната пратеничка на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска и дозволил да облече скафандер и да замине да гласа закони во Собранието.



И пратеничката и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митовски во незгодна ситуација ги ставија малкумината битолски инфектолози кои сега се предмет на сериозен мајтап во градот на конзулите откако сограѓани вчера и денеска ги прашуваат дали некој од нив навистина дал дозвола битолската пратеничка да замине со скафандер во македонското собрание.

Дел од граѓаните бараат за оваа тема да расправа и Лекарската комора на Македонија за да утврди дали инфектологот навистина постои или се работи за злоупотреба на лекарската фела за политички цели.