За разлика од пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која доби „овации на отворена сцена“ од врвот на СДСМ за појавувањето со скафандер на седницата на Собранието, за напуштање на изолацијата минатиот април градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, доби пријава за прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Двојниот аршин кон сопартијците на премиерот Зоран Заев и на министерот за здравство Венко Филипче го прави уште поапсурден фактот дека пратеничката има Ковид-19, а градоначалникот на двете самоиницијативно направени нови тестирања, едното во приватна клиника, а другото во Центарот за јавно здравје, беше негативен.






