Д-р Беќаровски: Не е скафандерот за болни да шетаат во здрава средина

Д-р Нико Беќаровски, реагира денешното појавување на пратеници со скафандери во македонското Собрание.



„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.

Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.

Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, напиша д-р Беќаровски на Фејсбук.