Екс заменичката министерка за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска во одбрана на својата колешка пратеничката Бисера Костадиновска која во скафандер гласаше во Собранието.
“Денес, колешката Бисера и колегата Мирослав, облечени во скафандери и целосна заштитна опрема дојдоа во Собрание за да ни помогнат да не зависиме од уцените на лицемерните опозиционери.
И токму тие, опозиционерите излегоа на прес конференција и го осудија овој чин”, напиша Петровска во знак на поддршка на колешката.
Денес, колешката Бисера и колегата Мирослав, облечени во скафандери и целосна заштитна опрема дојдоа во Собрание за да ни помогнат да не зависиме од уцените на лицемерните опозиционери.
И токму тие, опозиционерите излегоа на прес конференција и го осудија овој чин.— Slavjanka Petrovska (@SlavjankaPetrov) April 18, 2021





