Докторот интернист Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија со објаснување за користење на скафандери кое е целосно спротивно на елаборациите кои ги дава шефот на Комисијата за заразни болести Караџовски и пратеничката на СДСМ која иако заразена денеска отиде во Собранието на политичка задача.
“Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.
Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.
Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица”, пишува Беќаровски опишувајќи го законодавниот дом како.
#МонтиПајтонСобрание






