Адвокатот Јанаки Митровски вели дека првиот владин пропагандист Марјан Забрчанец не ја кажува вистината кога тврди дека пратениците кои денеска гласаа со скафандери во Собранието не го прекршиле законот.
“Забрчанец не е вистина!!!
Дополнението на протоколот се однесува на пратеници кои “се во самоизолација, без симптоматологија на Ковид.” Овие се позитивни. А полни усти беа владеење на право, правда, дрн дрн дрн!”, пишува адвокатот кој дава кратка правна анализа на владините мерки и протоколи.
“Постои јасен, прецизен и строг протокол за ваквите случаи, изработен од Собранието, одобрен од Комисијата за заразни болести. Денес во Собранието позитивните пратеници гласаат мерки за граѓаните и при тоа не се во никаков контакт со останатите пратеници, целосно се изолирани во посебни возила, посебни ходници и посебни кабини во Собранието”, објави посебниот советник на премиерот Марјан Забрчанец.
Според Митровски законот е јасен дека пратеничката што признала дека е позитивна го прекршила законот.
“Подложна е на прогон космонаутов по член 206. Дополнувањата на протокол за гласање, се однесува на пратеници кои “се во самоизолација а немаат симптоматологија на Ковид” Во превод во изолација поради контакт, или само суспектни. Е пратеничкава како што самата наведува е ПОЗИТИВНА на Ковид. Е сега по брза постапка кога ќе и се пушти ОЈО Скопје со казнен налог ко на пола Македонија. Само се шегувам”, пишува адвокатот кој објавува и документ кој го поткрепува неговиот коментар.
Предходно и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски рече дека заразените пратеници дошле во Собрание со целосно испочитуван протокол на Комисијата за заразни болести, со дозволи и контрола од инфектолози.
За стручната јавност нема големи дилеми за случајот што ја вознемири јавноста.






