Како што и најавија, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска влегоа во салата на 36-та седница на која на дневен ред беше пакетот мерки помош за стопанството и граѓаните.
„ЗА“ гласаа 113 пратеници, немаше гласови „против“ и „воздржани“, со што беа донесени пакет мерките.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на претходната 32 -ра седница, на која заради кворум присуствуваа двајца пратеници од парлементарното мнозинство кои се во изолација, што преедизвика реакции кај опозициските партии…






