По најавата дека заразена пратеничка од СДСМ со скафандер ќе дојде во Собранието за да обезбеди кворум на седниците, Мицевски вели дека се надева дека власта нема да се дрзне да го загрози здравјето на вработените во Собрание и на пратениците.
„Водат борба за медиумско внимание на сметка на компаниите и граѓаните и на сметка на здравјето на пратениците.
Како да ги убедиме граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки кога пратениците на СДСМ и ДУИ за да ги задоволат пи-ар желбите на сопственото раководство, експлицитно ги прекршуваат овие мерки и закони кои важат во државата, рече Мицевски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијатаво Собранието, заедно со сите пратеници рече дека не отстапувааат од овој став, денеска да гласа само за петтиот пакет антикризни закони, односно да влезат на 36-та седница, а не и на 32-та на која инсистира спикерот Талат Џафери.
За 32-та, дека ќе обезбедат кворум кајавија од коалицијата АА/А на Села и Гаши.






