Замрзнат новооткриениот имот на Груевски

Со одлука на Основниот кривичен суд замрзнати се двата новооткриени станови на експремиерот Никола Груевски во кои Обвинителството за организиран криминал и корупција минатиот месец изврши претрес, како и новооткриениот плац на Водно од 3 000 метри квадратни, додека трае постапката против поранешниот премиер, потврдил за САКАМДАКАЖАМ.МК државниот јавен обвинител Љупчо Јовески,



Пред два дена за Телма Јовески ја откри информацијата за откриените нови имоти, за кои на хартија фигурираат други имиња, но Обвинителството пред Судот изнело сознанија и докази дека плацот и становите се всушност на Груевски.

Груевски по претресотминатиот месец, од Унгарија негираше дека двата новооткриени стана се негови, и дека ги изнајмил под кирија.