Најмалку три лица загинале, неколку се водат за исчезнати, а стотици се отсечени по одронот на планината Елбрус во Кавказ. Во руската републиката Кабардино-Балкарија е прогласена вонредна состојба по силните дождови и особено по одронот кој носеше се пред себе утринава кога 300 туристи се заробени и немаат никаков контакт со светот.
Руските служби прават напори да стасаат до отсечените и се обидуваат да ја смират ситуацијата соопштувајќи дека тие во моментов не се во непосредна животна опасност.
А водената стихија на Елбрус има дантеовски димензии што се забележува и од кусото видео.




