Славистот Емил Ниами е крајно револтиран од изјавата на министерот за надворешни работи Османи кој со поддршката за американските санкции кон Русија можеби ја загрози доставата на вакцината Спутник В на Македонија.
Ниами кој предходно јавно призна дека направил грешка што гласал за СДСМ смета дека Османи без криминалната партија ДУИ зад него ќе бил обичен ништожник.
“Првиот човек на македонската дипломатија со апсолутно недипломатска и скандалозна изјава на Твитер! Овој сурко го претставува целиот народ во државата во странство. И потоа да не се упатат груби зборови? Море, иди у три лепе, Османи! Ти си еден обичен партиски ништожник кој никогаш во животот немаше ништо да стане доколку зад тебе не стои криминалната ти твоја партија која ровари низ државава!”, напиша Ниами под силни емоции откако неговата мајка се вакцинирала со руската вакцина Спутник В.
Кабинетот на Османи засега не ја коментира изјавата на славистот.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224549271023612&id=1363614309





