Павле Трајанов удри и по својот потпретседател (ВИДЕО)

Во своето последно интервју лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов меѓу другите партии и институции упати обвинување и кон својот партиски потпретседател Зоран Петров кого преку Агенцијата за разузнавање го обвини за непреземање чекори за спречување на афера што траела со години.



Во делот на партизација на службите за безбедност Трајанов ги обвинува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но не ја споменува својата партија чиј втор човек повеќе години беше на раководно место во АР.

Во делот на одговорноста на институциите во врска со аферата пасоши за мафија Трајанов ја споменува и Агенцијата за Разузнавање каде до минатата година во раководството бил и неговиот потпретседател Зоран Петров.

Поранешниот новинар, заменик министер за надворешни работи во времето на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Петров до пред неколку месеци беше еден од првите луѓе на Агенцијата за разузнавање за која неговиот партиски шеф не може да разбере зошто не спречила издавање на лажни пасоши на криминалци.

„Биле вклечени многу луѓе, конспирацијата била огромна, но не може тоа да остане неоткриено од службите за безбедност бидејќи имало посредници, тие комуницирале преку телефони, интернет, доаѓале тука. И референтите што ги примале барањеата и тие што одобрувале, се уклопиле, имале свои интереси, земале пари, Но, системската контрола, системот за издавање на пасоши, оперативните служби во МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенција за разузнавање, да не добијат индикативни информации дека нешто се случува овде, дека тука има притисок од криминалци, наркобизнисмени, лица опасни по безбедноста на државите, тука нешто се случува, тоа не можам да го разберам“, се чуди Трајанов.

Зошто Трајанов додека Петров бил во Агенцијата за разузнавање не го прашал својот партиски потпретседател за работите што не може да ги разбере за пасошите е прашање за кое Трајанов и должи одговор на јавноста

Петров во моментов како партиски кадар на Демократски сојз на Трајанов е Национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

На оваа позиција Петров дојде од Агенцијата за разузнавање каде му мирува работата откако Трајанов стана пратеник во Собранието.

Целото интервју со Трајанов за zoom.mk