Постигнат е договор за Законот за државјанство на вчерашната средба на премиерот Зоран Зае со лидерите на коалицијата АА/А, Зијадин Села и Африм Гаши, но што е договорено јавноста ќе дознае откако предлогот ќе биде ставен на хартија.
„Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција, затоа што ќе ја видиме кога ќе ја ставиме на хартија. Решение се постигна, и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија“, рече Заев.
Според лидерот на Алијанса за Албанците, Села повеќе детали за законот за државјанство ќе бидат објавени на почетокот на следната недела.
„Со овој закон ние имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и живееле повеќе од 30 години во Македонија да не останат без државјанство и еднаш засекогаш да го решиме овој проблем“, рече Села.







