Обвинителството ќе се жали на „куќниот притвор“ за Рашковски

Јавното обвинителство најави дека ќе ја обжали одлуката на , пишува Слободен Печат.



„Не е уважен предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да биде определена мерка притвор и веднаш ќе ви кажам дека ќе следи жалба“, назјави Ивана Трајчева обвинителката која ја води истрагата.

Според Трајќева „Обвинителството даде навистина доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определена мерка притвор, а не куќен притвор дотолку повеќе што мерката на куќен притвор сметаме дека и натаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази коишто треба допрва да бидат прибавувани и да бидат сослушани сведоците во текот на постапката“.

Основниот кривичен суд Скопје вчера одреди куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци.

Судот исто така по распитот му определи мерка куќен притвор и на Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај.

Обвинителката најави дека жалбата ќе биде поднесена уште денеска.