Белорускиот парламент денеска во првото читање го одобри нацрт-законот за забрана на приватни адвокати, со што ќе се намали можноста за одбрана на обвинетите за учество во антивладини протести.



Текстот, напишан од властите на претседателот Александар Лукашенко, сигурно ќе биде конечно усвоен затоа што во парламентот нема опозиција.

Според предложениот закон, адвокатите ќе можат да работат само како дел од државниот судски систем.

„Новиот закон значи дека државата и Министерството за правда ќе имаат целосна контрола врз адвокатите“, рече Сијархе Зикратски, адвокат кој застапуваше многу независни белоруски новинари.

Белорусија е во политичка криза од претседателските избори, за која противниците на Лукашенко тврдат дека е украдена.

За време на повеќемесечните протести беа приведени околу 34.000 лица.