Министерката за образование и наука Мила Царовска го навлече гневот на родителите со најавата за укинување на печатените учебници од четврто одделение па нагоре и нивна замена со дигитални, и тоа веќе од новата учебна година во септември!
„Ние сме во процес на транзиција и осовременување на образованието. Законот го зема тоа предвид и вели секаде каде имаме можност се користат дигитални учебници. За учениците коишто немаат електронски уреди училиштето има обврска да ги испечати учебниците и да им ги даде“, објави таа на Фејсбук заедно со видео од гостувањето на Сител.
Од лавината жестоки реакции под постот издвојуваме:
„Буквар жено, БУКВАР им треба на децата, кој ви е ѓавол, бре, Оксфорд, Кембриџ, онлајн алатки… море марш таму“;
„Покрај тоа што оглупавивте генерации со лошите реформи, сега осакатете ги и физички до крај. Како тоа нема да имаат учебници и книги?! Дали сте вие нормални?“;
„Ова е невидена глупост. Дајте родители да не го дозволиме ова“;
„Дали знаете дека во многу училишта наставниците од својата плата ги печатеа тестовите, дека немаа печатари и тонери, фотокопир? И сега очекувате да им испечатат учебници на децата? Тука има и дискриминација на учениците, тие што имаат ќе учат од компјутер другите од скрипти? Како мислите наставниците да предаваат кога во повеќето училишта нема компјутери? Идејата за дигитализација и напредување во образованието е добра, но, како прво, нашите училишта не се подготвени за тоа. Тргнете од основните проблеми прво“;
„Ко некоја секта сте за уништување на младите, сите пороци им ги овозможивте, уште и дигитални учебници. Изгледа немате влезено во училиште откога сте завршиле, дотепајте ги… Уште ова недостигаше“;
„Да, секако, и потоа да се озрачат побрзо, да ослепат, да се зголеми процентот на масовно носење диоптрија, да го изгубат секој контакт со емоционалниот свет, надворешниот, да не знаат како е да се дружат, да навлезат во виртуелни журки, забави… Вие сте дефинитивно отидени умствено сите до еден. А што правиме со децата од аутистичен спектар, кои не смеат да користат техника? Што ќе одговорите на тоа?“;
„А бре знаеш ли ти што зборуваш? Само тропате нешто, а дали тоа е изводливо и, пред сè, добро за ученицитебаш ви е гајле. Срамота! Дали е добро учениците да седат пред екран цел ден? И какви се овие електронски учебници? Децата ќе треба таблети да носат на училиште или веќе не планирате да има настава со физичко присуство? Идиоти!!!“;
„Госпоѓо Царовска, не знам во кој свет живееш. Нема да дозволиме да ни ги уништиш децата, генерациите. Која си ти да одлучуваш за укинување на учебниците како хартија? И ден денес чуваме од нив. Преиспитај се. Твојава одлука што сакаш да ја спроведеш е скандалозна. Ти како човек немаш доволно капацитет, искуство, знаење за вакви катастрофални брзи реформи. Нашите мали деца не можат цел ден да се на компјутер. Јас не знам што прави МОН, сите твои полтрони молчат, ама еден ден ќе проговорат. Ќе направиме петиција и нема да го дозволиме ова ваше лудило!“;
„Браво, браво, секоја чест за уште една ‘реформа’. Коментар не е потребен. Но, стручњаци во МОН да ве прашам како ќе едуцирате ученик со интелектуална попреченост дигитално???Како ќе едуцирате ученик со аутизам дигитално, а знаеме колку е тоа проблем за него???Како ќе едуцирате ученик со оштетен вид дигитално??? И, како што напиша еден мој студент, ќе има веројатно доста работа за офталмолозите, физијатрите, а подоцна и за психолозите и психијатрите!!!“.






