Најновиот индекс за воена моќ на глобален план кој што го мери специјализираниот портал globalfirepower.com покажува дека Македонија е на 122 позиција од вкупно 133 рангирани земји.
Индексот кој мери различни параметри како геофграфска локација, членство во воени организации како НАТО, број на жители, економска состојба, индустриски капацитети и воена опрема и оружје покажува дека Македонија е најслабата земја од сите свои соседи и земји во регионот ако се мери воената моќ.
Пред нас на 68 место е Хрватска која изненадувачки е пред Србија која што е на 83-то место и тоа најмногу затоа што во случај на евентуален конфликт Загреб ќе може да дели воени ресурси со другите членки на НАТО.
Од рангираните земји на Балканот Словенија е на 113 место а Босна и Херцеговина само едно место пред нас на 121 место.
На врвот на листата меѓу десетте воено најмоќни држави очекувано се САД, Русија, Кина, Индија Франција, Британија, Јапонија , Турција, Германија и Египет.
Од соседите Грција е на високото 28 место, Бугарија на 67 место, Албанија на 90-то, а Косово и Црна Гора не се воопшто рангирани.
На дното на листата се Бутан, Суринам и Сиера Леоне.





