Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема недопирливи по случајот околу приведувањето на Драги Рашковски, кој утрово беше однесен нараспит во Кривичен суд.
„Тоа е уште еден доказ дека нема недопирливи. Дека некој што бил секрететар на владата, и бил во мојот кабинет, законот важи еднакво за сите. Институциите си ја вршат својата работа. Нема недопирливи ниту од власта, ниту од опозицијата. Треба да остане дека никој не е виновен, се додека не се покаже спротивното. Генерланиот секретар Мухамед Зекири ја доставил целата документација до ЈО. Уште еднаш ќе кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите“, рече Заев.






