Трифонов: Партијата ГЕРБ на Борисов треба да исчезне

„Партијата на Бојко Борисов ГЕРБ е токсична партија што мора да исчезне од бугарскиот политички живот.



И тогаш, со безбеден, спокоен и самоуверен Парламент, ќе се случи тоа поради што е создадена партијата ‘Има таков народ’, имено, воведување на мнозински изборен систем“, вели лидерот на ИТН, Слави Трифонов коментирајќи го барањето на партијата на Бојко Борисов за воведување на мнозински изборен систем, сега окако е јасно дека нема да учествува во идната бугарска влада.

„Зошто ГЕРБ не го прифати мнозинскиот систем пред речиси 5 години, кога имаа моќ и кога на законски одржаниот референдум 2,5 милиони бугарски граѓани побараа изборниот систем да биде мнозинство? – прашува Слави Трифонов на неговиот профил на Фејсбук.

„Каде беа Тома Биков, Десислава Атанасова, Цвета Карајанчева, Бојко Борисов, целата оваа група дебели бугарски пратеници скоро 5 години?

Па, одговорот е многу едноставен – кога имаат проблем да ја изгубат својата моќ, овие луѓе ја шутираат топката“, вели Трифонов чија партија се рангираше како второпласирана на последните парламентарни избори и има реални шанси да добие мандат за состав на влада.