Стопанската комора на Северна Македонија упати апел до секој пратеник на Собранието на Република Македонија да направи максимални напори во текот на денот за да се донесат законите со кои ќе се овозможи поддршка на македонската економија во услови на тешка здравствено-економска криза, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора.
„Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката, кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција заради справување со кризата“, вели Азески.







