Мицевски: „А, можеби во буџетот нема пари за 5-от пакет мерки“

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва уште еднаш побара прекин на 320ра седница за која мнозинството нема кворум, и започнување на 36-та седница на која се мерките од петтиот пакет за помош на стопанството.



„Не ми е јасно кој дел не го рабирате“ – му се обрати Мицевски до спикерот Талат Џафери „Прекинете ја 32-та седница за која немата кворум и започнете ја 36-та за да ги донесеме мерките кои ги очекуваат граѓаните“, рече Мицевски.

Мицевски од место во еден момент дофрли дека можеби во буџетот нема пари за пакетот мерки па затоа не се оди на 36-тата седница.

По, на моменти тензичната расправа, спикерот Џафери ја прекина 32-ра седница на која немаше кворум…