Од вкупно 1.349 таканаречени „Рамковсни“, само 650 почнале со работа иако сите рокови поминаа.



Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е задоволен од текот на распределбите.

„Многу сме задоволни и Владата и јас. Рапортирав на последната седница на Влада за текот на распределбата. До сега веќе 650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојдневно. Околу 500 други се во тек на реализација, посебно тие 140 кои во МВР коишто треба да поминат низ безбедносна процедура, па потоа да започнат, изјави Груби/

Тој додаде дека уште 100 други треба да започнат деновиве да работат во УЈП.

Министерот Груби очекува процедурата за прераспределба да заврши до ребалансот на буџетот, каде средствата од Министерството за политички систем треба да одат во институциите каде започнале со работа административците.

Тие кои се вработени по програмата К5 и кои не го прифаќаат местото каде што се систематизирани, преминуваат на трансфер листата во Министерството за администрација.

Доколку и овде не ја прифатат првата понуда, тогаш остануваат без работно место.