Претседателот на Албанија Илир Мета во пресрет на изборите во таа земја на 25 април денеска официјално побарал од тамошните институции да го испитаат скандалот „пасоши за криминалци“ во соседна Макдонија и кој доби меѓународни димензии, опфаќајќи ја и Албанија.



„…Од обезбедените податоци и оние кои се веќе објавени, произлегува дека, во регионот на Корча, во некои општини во кои главно живее македонското национално малцинство, граѓани со криминално досие, кои се барани со меѓународни потерници, или вклучени во нелегални активности и барани со меѓународни потерницим, обезбедиле пасоши и документи за идентификација од тамошните локални власти, не со нивните податоци, туку со користење на лични податоци на други лица кои немаат никакви проблеми со законот.

Значи, странски или албански државјани им се обезбедени документи за идентификација издадени од албанските матични служби со кражба на идентитетот на албанските граѓани од македонска националност, без нивно знаење“, вели Мета,како што пренесува Вечер.

„Од тоа што е објавеното од властите во с. Македонија (министерот за внатрешни работи) се вели дека го спровеле законот при издавање документи, не носејќи одговорност за фалсификувањето или киднапирањето на идентитет на албанските граѓани во Република Албанија, преку издадени официјални документи од албанските институции.

Оваа мрежа и оваа незаконска активност е откриена во неколку европски земји. Прашањето, кое доби димензии на институционален скандал и стана предмет на јавна дебата во с. Македонија и од податоците објавени од тамошните власти, јасно е дека потеклото на оваа појава делумно тежи и врз одговорни органи во Република Албанија и ова е основата за мојата загриженост“, предупреди албанскиот претседател.

Некои од лицата идентификувани како дел од оваа мрежа опремени со фалсификувани документи во соседната земја, првично им беа дадени албански документи за идентификација во општините Корча, Пустец и канцелариите за матична служба или изработка на документи за идентификација во овие општини.

Мета вели дека „не ме загрижува само пласирањето на идејата во јавноста и на меѓународната сцена, пред нашите стратешки партнери, особено во областа на безбедноста, дека во Албанија секој може да добие документ за идентификација и да се движи слободно, без оглед дали тој е под потрага или се бара со меѓународна потерница“.