Оштетените штедачи од стечајот на Еуростандард банка излегоа на протести пред зградата на Уставниот суд кој денеска одлучува за иницијативата на штедачите со која бараат преиспитување на член 163, став 3 од Законот за банки.
Тој член, кога ќе пропадне банка, му дава предност за исплата на Фондот за осигурување на депозити кој, пак, ги исплаќа законски гарантираниот поврат до 30.000 евра по штедач.
Оштетените во Еуростандард велат дека тоа не е фер кон тие што имаат поголеми депозити, но и кон фирмите што воопшто не се заштитени.
„Во нашиот случај се случи ризичниот настан. Еуростандард банка сега е во стечај. Во стечајната постапка нема доволно средства за надомест на нашите пари. Во апсолутна смисла е загрозена нашата сопственост врз тие средства. Причината за ваквата состојба во стечајот е монополската позиција на Фондот за осигурување депозити,“ рече, меѓу другото, Мира Беќар, која зборуваше во името на штедачите, јавува 360 степени







