Сојузничките сили на НАТО од 1 мај започнуваат со повлекување од Авганистан, одлучија министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на состанокот на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска.
Сојузниците очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата.
Беше реафирмирана силната поддршка за развојот на демократијата, човековите права и зајакнувањето на безбедносните институции на Авганистан.
Македонија во Авганистан учествува од 2002 година, а во рамките на мисиите во изминатите 19 години биле испратени повеќе од 3.100 лица меѓу кои, штабни офицери и подофицери, ментори, пешадиски единици и медицински персонал.
Во моментов, Македонија во мисијата во Авганистан партиципира со 22 припадници на Армијата.






