И две недели откако пропадна возило-метларка на Комуналец во фонтаната на градскиот плоштад во Скопје, штетата не е санирана.
Отворот во фонтаната е заштитен само со неколку полуискинати ленти што само ја зголемува опасноста за минувачите.
Кога ќе биде поправена дупката и колку ќе чини санацијата засега нема информации.
Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека пандемијата влијае директно и на поправката.
Од град Скопје велат дека додека да се поправи фонтаната , деновиве привремено ќе го уределе просторот на плоштадот.
Инаку не е прв пат возило да пропадне во подната фонтана на градскиот плоштад. Пред речиси 4 години пропадна камион додека се подготвуваше бина.
Вината беше лоцирана кај возачот на камионот.







