Јелинчич го подбра Заев, „кој затвора демонстранти како терористи“, за наводниот нонпејпер на Јанша

Словенечкиот пратеник Змаго Јелинчич одново го подбра премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, ставајќи го во контекст на наводниот нонпејпер на Јанез Јанша за ново уредување на Балканот, кој претседателот на Владата на Словенија го демантира.



„Непостоечка мапа на ново уредување на Балканот, објавена како нонпејпер Јанша, први ја објавија таблоидите во Македонија под директна контрола на социјалдемократот Заев, добар пријател на Тања Фајон. Тоа е истиот Заев, кој затвора демонстранти како терористи. Сè е јасно“, коментира на Твитер лидерот на Словенечката национална странка.

Јелинчич неодамна ја разбранува македонската јавност со барањето до словенечката Влада да ѝ стави вето на Македонија за старт на преговори со Европската унија додека не ги ослободи затворените за 27 април.