В сабота во Борис Трајковски (17.45) е првиот од повеќето ракометни дерби натпревари на најдобрите македонски тимови што не очекуваат во текот на сезоната. Металург го пречекува Вардар во првиот круг од регионалната СЕХА лига, во позиција, во која улогите се евидентно распределени. Тоа го знае и тренерот на екипата од Автокоманда Лино Червар кој на денешниот прес сакаше да ги растовари своите, да ги оптовари противничките играчи или пак, само да ја понуди реалноста.



„Тие ќе бидат апсолутен фаворит, но ние ќе се обидеме да им ги расипеме плановите. Очекувам од моите момци да дадат се од себе на мечот, и да дадеме достоен отпор. Мојата екипа е амбициозна, подготвена е на секој предизвик, се надевам дека желбата за победа ќе ни биде мотив да се надигруваме со нив. Очекувам фер и коректен натпревар“, вели Червар.