Оставката на Рашковски била негова „лична одлука“

На новинарско прашање дали Владата требаше да го разреши Драги Рашковски од позиција секретар во кабинетот на премиерот или да чека тој сам да поднесе оставка, порпаролот Душко Арсовски рече дека оставката е прифатена, „тоа е негова лична одлука“, а Владата во неколку наврати побарала од институциите да утврдат дали се прекршени некакви процедури, правила и стандарди при набавката на спорниот софтвер за МВР…



„Набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна постапка, во согласност со Законот за јавни набавки, институциите имаат потреба од таков софтвер за сообраќај, по сума која е спуштена низ тендерската постапка, тестиран е, исправен, функционален и нашите институции ќе го користат“, рече Арсовски, но не прецизира кои институции имаат потреба од ваков софтвер и кои институции ќе го користат…