Според одлуката на судскиот совет во случајот „Трезор“ екс шефот на УБК Сашо Мијалков доби осумгодишна казна затвор.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска паднаа пресудите за предметот „Трезор”, во кој се гонеше злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
За штета од над 800000 илјади евра кон државата судот денеска четворицата обвинети ги прогласи за виновни.
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како првообвинет за случајот е осуден на единствена казна од 8 години затвор, додека поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски доби 5 затворска казна.
Поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ доби казна затвор од 5 години, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден во отсуство на 15 години затвор.
Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.
Со оваа казна Мијалков има вкупна казна од 20 години затвор од кои 12 се за случајот на прислушување Таргет – Тврдина.






