Шефицата на Антикорупциската комисија, Биљана Ивановска, денеска изјави дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку Драги Рашковски прикажал нереален анкетен лист, по информациитете во медиуми дека поранешниот ген-сек во Владата имал џип вреден 74.000 евра



„Доколку утврдиме разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните примања што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш се вклучуваат и други институции, како Финансова полиција. Тие имаат посебни методи за истражување и тоа ќе го докажуваат“, рече Ивановска.