Американската агенција за сузбивање на наркотици (ДЕА) по акциите „Двојник“ и „Марихуана“ објави дека ќе продолжи со поддршката на Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога.
ДЕА потврди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата.
Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.
Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и за осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Полициската акција беше изведена во петокот попладне на патот Прилеп-Росоман.
ДЕА е служба во рамките на американското Министерство за правда.







