Русија ја слави 60-годишнината од легендарниот лет што го направи Јуриј Гагарин првиот човек во вселената. Советскиот космонаут е првиот човек што орбитираше околу Земјата, во 108-минутната мисија на 12 април 1961.
Ова беше ново историско достигнување за тогашниот Советскиот сојуз откако 4 години пред тоа СССР го испрати првиот сателит „Спутник’ во веселата, особено во однос на ривалот САД во тесната трка кон вселената.
Летот беше ризичен а Гагарин требаше да се врати со падобран , бидејќи системот за меко слетување сè уште не беше измислен.
Во писмото до својата сопруга Валентина, Гагарин ја замолил да ги воспитува своите ќерки „не како мали принцези, туку како вистински луѓе“, но и повторно да се омажи, доколку неговата мисија биде фатална.
„Појехали!“ (Одиме!), викна космонаутот кога полета во 9:07 часот по московско време, на 12 април 1961 година.
Мисијата на 27-годишниот космонаут беше исполнетга со драматични моменти: Прекин на комуникации, грешки во антените, проблем со одвојување на модулите. Но, летот заврши успешно.
На 14 април, Гагарин во Москва бил пречекан од тогашниот советски лидер Никита Хружлчов и одликуван со орден Херој на Советскиот сојуз.
Јуриј Гагарин загина 27 март 1968 година, откако авионот ловец МиГ-15 со кој леташе се урна…







