Еден од 58 хонорарни соработници на владата од списокот кој владата не сакаше да го објави јавно реагира на текст на expres.mk.
Медиумскиот Петрит Сарачини негира дека бил во импресумот на два портали и наведува дека во текстот има невистини и лаги но не прецизира за какви невистини се работи.
Владиниот советник бара expres.mk да го повлече целиот текст во кој се поставени линкови од негови постови на Фејсбук.
Согласно законот за граѓанска одговорност ја објавуваме реакцијата на советникот во владата
“Никогаш не сум бил во импресумот на Цивил ниту на Фронтлајн. Во текстот објавен на порталот што го уредувате има и други невистини. Барам од вас да ги повлечете денешните лаги и да известувате точно за овој случај, во спротивно ќе бидам принуден да ги употребам сите правни механизми кои ми стојат на располагање”, пишува Сарачини.
Согласно неговото законско право на исправка expres.mk го корегира делот каде се споменува дека веќе не е дел од импресумот на Цивил Медиа и Фронтлајн со вадење на зборот “веќе”.
Иако во импресумот би требало да го пишува како новинар или експерт чии текстови се објавуваат редовно на овие портали.
Expres.mk очекува Сарачини да прецизира кои се другите наводни лаги и невистини во текстот за кои зборува во текстот а за кои тој не дава детали во реакцијата.
Од медиумски експерт за каков што се прикажува владиниот советник очекуваме да даде јасна реакција за наводните невистини и лаги.
Реакцијата на Сарачини се однесува на следниот текст
Се откри еден од 58 “тајни” хонорарци на владата, јавноста ги чека другите 57






