Да се лежи од 23 март во приватна болница од “превентивни причини” е одраз на “христијанска скромност” на нашите владици.



Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе, пишува докторот Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил, откако вчера беше објавено дека владииците Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во една приватна болница, откако добиле позитивен тест на ковид-19.

„Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници“, дополнува докторот.

Владиката Петар посочи дека не е на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации.

Сега се чувствува добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома“.

Либертас