Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација почна денеска од 8.20 до 10.30 часот во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Во оваа група се опфатени 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.







