Еден од главните фактори во бизнис империјата на семејството Заеви денеска се огласи во јавноста и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека шири злонамерни информации.
Трајче Заев се јави на Фејсбук од Обединетите Арапски Емирати од каде по два дена следење на состојбата тврди дека злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е да се извалка угледот на фирмите на фамилијата Заеви.
“Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви.
Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви”, пишува во реакцијата Панче Заев.
Анализа на реакцијата на Трајче Заев покажува дека тој не ги негира наводите на ВМРО-ДПМНЕ туку зборува за работи кои што воопшто не ги тврди опозицијата.
Заев експлицитно не негира дека е уапсен неговиот шофер кој се гледа на фотографијата од неговиот Мајбах во центарот на Скопје како товари подароци во возилото.
Заев не негира дека дека некој од уапсените во операцијата на Јавното обвинителство и ДЕА е негов возач.
Каде е вработен човекот за кој ВМРО-ДПМНЕ вели дека го вози Трајче Заев е прашање за кое Бизнисменот веројатно ќе треба да објасни во друга реакција.

Вториот демант на Трајче Заев се однесува исто така на прашање кое не беше поставено од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на портпаролот Димче Арсовски.
Трајче Заев не демантира дека комбето во кое се пренесувала дрогата е на партнерска фирма на кланот Заеви, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку вели дека комбето не е сопственост на компанија на фамилијата од Струмица.
Во реакцијата на Трајче Заев го нема ниту тоа што би сакал да го прочита секој нормален граѓанин, демант дека Трајче Заев и фамилијата Заеви се вмешани на било каков начин во сомнителни зделки со дрога.






