Трајче Заев, братучедот на премиерот Зоран Заев кој деновиве се споменува во аферата со транспортот на дрога фатена со помош на американската агенција ДЕА се јави од Обединетите Арапски Емирати каде што отварал нови пазари.
Трајче Заев тврди дека во акцијата во која беа уапсении 6 луѓе нема ниту еден вработен во компаниите на семејството Заеви и дека комбето не е од истите фирми.
Вели дека ВМРО-ДПМНЕ има злонамерни цел со своите објави.
“Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:
Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви.
Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви.
Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка”, пишува Трајче Заев од Обединето арапски Емирати.






