Станови за социјални случаи има, но не им ги даваат

И три години од изградбата 37 станови од стамбената зграда во Струмица наменета за социјално ранливи категории на граѓани – се уште се празни, јавува ТВ 24.



Поништени беа неколку повици за распределба на становите во кои треба да влезат корисници на социјална помош, деца без родители, самохрани мајки, лица погодени од елементарни непогоди. а министерот Бочварски во февруари најави повик за десетина дена.

Од Министерството за транспорт и врски информираа дека повикот што го најави Бочварски е пролонгиран заради ситуацијата со коронавирусот, бидејќи дел од членовите на комисијата биле позитивни на ковид-19.

Повеќе на ТВ 24